Сојузот на европските фудбалски асоцијации објави извештај за трошоците за трансфери на клубовите кои учествуваат на европските натпреварувања оваа сезона.
Трошоците на 80 екипи од главните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во изминатиот летен трансфер период изнесуваа 3,98 милијарди евра, што е за 55% повеќе од минатото лето.
Осум клубови од Лигата на шампионите и четири од Лигата на Европа ова лето потрошија повеќе од 50 милиони евра на нови играчи. 35% од сите трошоци биле за напаѓачи.
Најпопуларните играчи на пазарот минатото лето беа фудбалери на возраст од 21 до 24 години – 47% од вкупната сума беше потрошена за нив. Забележително е дека 34 од 80 клубови ова лето го надминале сопствениот трансфер рекорд.