Англиските премиерлигаши ќе одржат уште еден состанок, овојпат идејата е да се сменат правилата според кои се одложуваат натпреварите. Според „Дејли Меил“, онлајн средбата ќе биде следната недела.
Вкупно 21 натпревар за два месеци веќе се одложени поради коронавирусот, што доведе до хаос во програмата. Така, стана апсурдно еден клуб да има пет одиграни натпревари помалку од друг. Сегашните правила важат од минатото лето и велат дека е многу веројатно некој клуб да не може да собере доволно играчи – било да е тоа поради позитивни тестови за КОВИД-19, казни или средби на репрезентации.
Планот е во иднина клубовите да можат да бараат одложување само во случаи на коронавирус. Доколку учесниците во Премиер лигата се договорат, новиот протокол ќе стапи на сила за средбите од 8 февруари па натаму.

