Италијанските клубови во Серија А планираат да ги намалат платите на фудбалерите за 15-30%, како резултат на стопирањето на првенството поврзано со пандемијата на коронавирусот.
Според информациите кои беа објавени, платите ќе бидат намалени за 30% за оние кои примаат повеќе од 1,5 милиони евра по сезона, а за 15% ако играчот заработува помалку од одредената сума. Така, клубовите сакаат да ги минимизираат загубите со заштеда на 250 милиони евра со потенцијална загуба од 1 милијарда евра.
Италијанското првенство беше суспендирано по 26-то коло. Првиот италијански играч на кој му беше дијагностицирана болест беше дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани.

