Кошаркарите на МЗТ Скопје утре со дуелот против Слобода Тузла во рамките на стартното коло во АБА 2 лигата ќе ја отворат новата натпреварувачка сезона. Тренерот на популарните „штркови“, Ѓорѓи Кочов, вели дека победите на контролните мечеви ќе немаат никакво значење доколку квалитетот не се потврди и на официјалните мечеви.
„ Ќе играме со екипа составена од млади и талентирани кошаркари. Можеби ние ќе ја имаме фаворитската улога, но, во секој случај очекувам тежок натпревар“ – вели Кочов.
Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, верува дека екипата ќе одигра маскимално борбено и дека ќе дојде до првиот сезонски триумф во АБА 2 лигата. Средбата меѓу МЗТ Скопје и гостите од БИХ ќе биде одиграна в четврток од 19.00 часот во СЦ Јане Сандански