Тренерот на кошаркарите на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, по вчерашниот пораз од Приморска на стартот на финалето во АБА 2 лигата, вели дека неговите избраници ќе се обидат да одиграат многу подобро на денешната втора пресметка.
„Противникот беше подобар во сите сегмети на играта и имаше одличен процент на реализација, играше добра кошарка и имаше агресивна одбрана“ – вели Кочов.
Вториот дуел меѓу Приморска и МЗТ Скопје ќе биде одигран вечер од 20:00 часот. Потоа, финалната серија која се игра до три добиени меча ќе се пресели во Скопје.