Кошаркарите на МЗТ Скопје вчера победија на гостувањето кај Ловќен во Црна Гора со 85 спрема 67 со што направија голем чекор кон плеј-офот во АБА 2 лигата. Нашиот тим од самиот почеток имаше контрола на резултатот а тренерот, Ѓорѓи Кочов, направи одлична стратегија со која ги запре нападите на домаќинот.
„Одигравме квалитетен меч и дојодовме до голема победа. Во првиот дел имавме предност од 6-7 поени додека во вториот бевме фантастични и заслужено победивме“ – потенцираше Кочов.
Македонскиот претставник во АБа 2 лигата има ефект од десет победи и пет порази и се наоѓа на второто место на табелата. Популарните „штркови“ во наредната рунда на 16 јануари ќе му бидат домаќини на Зрињски од БИХ.