Коди Гакпо се најде во 24-члениот тим на Ливерпул кој отпатува во Париз на првиот натпревар од осминафиналето против Пари Сен Жермен.
Сепак, напаѓачот заработи потрес на мозокот на тренинг пред натпреварот, што го доведува во прашање неговото учество на натпреварот.
Тренерот Арне Слот на прес-конференцијата пред натпреварот ја коментираше состојбата на Холанѓанецот.
„Беше многу блиску да биде целосно фит, но вчера мораше да блокира удар и повторно почувствува болка. Го земавме со нас за да ја процениме неговата состојба на денот на натпреварот. Тоа ќе биде тешка одлука“, рече Слот.
Гакпо се врати како замена на последните два натпревари на Ливерпул, откако ги пропушти претходните два. Дали ќе може да учествува во пресметката на „Паркот на принцовите“ ќе стане јасно во последен момент.

