Сагата за Килијан Мбапе и неговиот трансфер во Реал Мадрид сè уште е актуелна, а новинарот Жулиен Лорен објави свое сценарио за тоа како може Французинот да се пресели во Мадрид.
Килијан Мбапе неодамна се врати на тренинзите на ПСЖ, откако претходно одби да потпише нов договор со клубот, но сè уште сака трансфер во Мадрид.
„Доколку Мбапе потпише за Реал Мадрид ова лето, ќе треба да се откаже од многу пари. За 2024 година има договорено бонус од 130 милиони евра. Единствен начин за трансфер е Реал да испрати огромна понуда до ПСЖ и дел од оваа сума да му ја даде на Мбапе. Реал Мадрид ќе мора да испрати астрономска понуда до парижаните, зашто во спротивно нема да се реализира трансферот ова лето“, објави новинарот.