22-годишното владеење на Арсен Венгер во Арсенал е пред крај, но кои се тимовите против кои не успеа да победи?
“Дејли мејл” открива дека неговиот тим играл против 124 различни тимови, од кои само 5 не успеал да ги победо. Станува збор за Фиорентина, ПАОК, ПСЖ, Порт Вејл и Ротерам.
Се разбира, натпреварите против овие екипие се многу малку. Против Италијанците и Грците има нерешено и пораз, против ПСЖ и Порт Вејл има две нерешени, а во неговиот единствен натпревар против Ротерам, исто така било нерешено. Венгер најчесто се среќавал со Челзи – 62 пати, со ефект од 23 победи, 18 нерешени и 21 пораз. Следуваат Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем, а е со негативен биланс против „Црвените Ѓавали“ – 18 победи, односно 26 порази од вкупно 59 натпревари.
Најдобар играч под негово водство е секако – Тиери Анри, кој има 228 гола. Потоа следуваат, Робин ван Перси – 132, Тео Волкот – 108, Оливие Жиру – 105 и Денис Бергкамп – 102 постигнати гола.