Познатото светско издание „Goal.com“ објави рангирање на 15-те најпропаднати трансфери во историјата на фудбалот низ сите лиги.
Првото место го зазеде трансферот на Осман Дембеле од Борусија Дортмунд во Барселона во 2017 година. Второто место го зазеде трансферот на белгиското крило Еден Азар во Реал Мадрид од Челзи (2019 година). На третата позиција е трансферот на бразилскиот офанзивен играч за врска Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона во 2018 година.
Еве ја целосна листа на неуспеси во трансферите според овој портал:
1.Осман Дембеле (Франција) – од Борусија Дортмунд во Барселона, 2017 година, 135 милиони
вра.
2.Еден Азар (Белгија) – од Челзи во Реал Мадрид, 2019 година, 120,8 милиони евра.
3.Филипе Кутињо (Бразил) – од Ливерпул во Барселона, 2018 година, 135 милиони евра.
4.Пол Погба (Франција) – од Јувентус во Манчестер Јунајтед, 2016 година, 105 милиони евра.
5.Ромелу Лукаку (Белгија) – од Интер во Челзи, 2021 година, 113 милиони евра.
6.Жоао Феликс (Португалија) – од Бенфика во Атлетико Мадрид, 2019 година, 127 милиони евра.
7.Николас Пепе (Брегот на Слоновата Коска) – од Лил во Арсенал, 2019 година, 80 милиони евра.
8.Хари Мегваер (Англија) – од Лестер Сити во Манчестер Јунајтед, 2019 година, 87 милиони евра.
9.Антоан Гризман (Франција) – од Атлетико Мадрид во Барселона, 2019 година, 120 милиони евра.
10.Алваро Мората (Шпанија) – од Реал Мадрид во Челзи, 2017 година, 66 милиони евра.
11.Ромелу Лукаку (Белгија) – од Евертон во Манчестер Јунајтед, 2017 година, 84,7 милиони евра.
12.Кепа Аризабалага (Шпанија) – од Атлетик Билбао во Челзи, 2018 година, 80 милиони евра.
13.Нејмар (Бразил) – од Барселона во ПСЖ, 2017 година, 222 милиони евра.
14.Златан Ибрахимовиќ (Шведска) – од Интер во Барселона, 2009 година, 69,5 милиони евра.
15.Хамес Родригез (Колумбија) – од Монако во Реал Мадрид, 2014 година, 75 милиони евра.
Од оваа листа може да се забележи дека најнеуспешни трансфери меѓу клубовите биле во Барселона (4), Манчестер Јунајтед (3) и Челзи (3).

