Светското првенство во Русија заврши со титула за Франција, а веднаш потоа се појавија и неколку интересни факти за љубители на фудбалот.
Блес Матуиди беше единствениот во Франција што ја претставуваше италијанската Серија А во шампионската репрезентација. Логично е да се запрашаме кој е тимот со најмногу светски шампиони и колку се тие.
Прво место на оваа листа е за Јувентус, кој поседува 25 фудбалери кои имале чест да бидат светски шампиони. Од нив, 22-ца се Италијанци. Вториот тим по „бјанконерите“ е Баерн Минхен, кој има 24 светски шампиони. Интер е исто така при врвот на оваа скала. „Нероазурите“ може да се пофалат со 19 играчи. Четврто место е Рома со 15, а четвртиот е Пењарол (Уругвај) со 14 играчи кои биле светски шампиони.
Еве ги сите 10 клубови со најмногу светски шампиони во нивната историја:
- Јувентус (Италија), 25 светски шампиони
- Баерн Минхен (Германија), 24
- Интер (Италија), 19
- Ром (Италија), 15
- Пењарол (Уругвај), 14
- Национал (Уругвај), 13
- Сантош (Бразил), 11
- Реал Мадрид (Шпанија), 11
- Милан (Италија), 10
- Барселона (Шпанија), 10