Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Кој е најплатениот селектор на СП во Русија?
    Фудбал

    Кој е најплатениот селектор на СП во Русија?

    sasoBy saso22/06/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Според проценките на британскиот весник „Мирор“, најплатен селектор на ова светско првенство во Русија е првиот човек на актуелниот светски шампион Германија, Јоаким Лев. Со годишна плата од 3,78 милиони евра, Лев е на врвот на листата на селекторите со најголема плата кои ги предводат репрезентациите на годинешниот Мундијал.

    Селекторите на Бразил и Франција се на делба на второто место на листата. И двајцата имаат годишна заработувачка од 3,45 милиони евра. Со плата од 2,95 милиони евра на 4. место се наоѓаше селекторот на Шпанија, Лопетеги, но тој доби отказ непосредно пред почетокот на СП.

    На дното на оваа листа се наоѓа селекторот на Сенегал, Алиу Сисе. Тој, верувале или не, има плата од само 200.000 евра на годишно ниво. Ништо подобри не се ниту селекторите на Полска Адам Навалка и оној на Србија Младен Крстајиќ кои имаат годишна заработувачка од селекторската функција во износ од околу 300.000 евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.