Италијанскиот шампионат е богат со добри голмани и историјата го покажува тоа. Војчех Шчесни, Самир Хандановиќ и Џанлуиџи Донарума се само дел од голманите кои моментално играат во Серија А.
Сепак, друго име на голман дава сериозен впечаток со добрата статистика досега оваа сезона. Голманот на Парма Луиџи Сепе е голман број 1 во Калчо лигата. Досега, голманот на Парма има 107 одбрани.
Сепе го следи друг Италијанец. Марко Спортиело од Фросиноне кој има една одбрана помалку од неговиот колега (106).