Тимот во американски фудбал Далас Каубоис е најскапиот спортски клуб во светот, покажа истражувањето на списанието Форбс.
Вредноста на Далас изнесува 4,8 милијарди долари, што е за 14 % повеќе од 2017 година.
Во ова рангирањето има три фудбалски тимови. Тоа се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона. Англискиот клуб е проценет на 4.123 милијарди долари, а брендот Реал Мадрид чини 4.09 милијарди долари. Цената на Барселона изнесува 4.064 милијарди долари.
На петтата позиција е тимот во американски фудбал Њујорк Јенкис (4 милијарди долари), а следен е Њу Ингланд Петриотс (3.7 милијарди долари), кошаркарските екипи од НБА лигата Њујорк Никс (3.6 милијарди долари) и Лос Анџелес Лејкерс (3.3 милијарди долари) и други.