Во пресрет на саботното финале во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Реал Мадрид и Ливерпул кое ќе биде одиграно на стадионот во Киев, се прават најразлични анализи околу можниот исход. Работите одат до таму што се анализира дури и начинот на кој се радуваат фудбалерите по постигнатиот гол.
Имено, проучувањата довеле до заклучок дека токму поставеноста на рацете, прстите и дланките на фудбалерот кој се радува на постигнат погодок, укажува дали неговиот тим има победнички менталитет. Првото такво истражување низ цела Европа откри дека различни типови на прослава се поврзани со победа или пораз.
Како пример се наведува дека 82 процента од играчите кои високо ги подигнуваат двете раце за да го прослават голот, играат за победнички тим и дека 79 проценти од фудбалерите кои ги стискаат прстите во тупаница исто така имаат победнички менталитет.