„ББС“ која ја доделува наградата за Најдобар африкански фудбалер на годината, ги објави имињата на номинираните за признанието за 2018-та.
Очекувано на списокот се ѕвездите на Ливерпул, Мохамед Салах (Египет) и Садио Мане (Сенегал), потоа дефанзивците на италијанските состави Јувентус и Наполи – Меди Бенатија (Мароко) и Кулибали (Сенегал) како и халфот на Атлетико Мадрид, Томаш Парте од Гана.
Според проценките, како главен фаворит се издвојува минатогодишниот освојувач Салах додека како негов главен конкурент се потенцира неговиот колега од „Енфилд“, Мане. Гласањето ќе трае до 2-ри декември а победникот ќе биде објавен на 14-ти.