Навивачите на Ливерпул се надеваат дека нивната фудбалска легенда, Стивен Жерард, кој седи на клупата на Астон Вила, ќе може да ги мотивира фудбалерите да останат непоразени во последното коло во Премиер лигата.
Доколку избраниците на Стиви Џи успеат да останат непоразени, а Ливерпул победи дома, тогаш пехарот ќе заврши кај „црвените“. Сепак, во последните неколку часа се појави интересна теорија поради клаузулата во договорот на Џек Грилиш кога Англичанецот минатото лето пристигна од Астон Вила во Манчестер Сити.
Имено, во случај Сити да стане англиски шампион, Астон Вила ќе добие дополнителни 15 милиони фунти како бонуси. 26-годишниот фудбалер минатото лето пристигна на „Етихад“ со трансфер вреден 105 милиони фунти.

