Неколку имиња се издвојуваат да ја преземат улогата на спортски директор во англискиот елитен состав, Арсенал.
На списокот се Ден Ешфорд, Андре Берта, Роберто Олабе и Тиаго Скуро. Советникот на ПСЖ, Луис Кампос, исто така се гледа како еден од фаворитите да се пресели во раководниот дел на „топџиите“.
Премиер-лигашот кој втора сезона по ред ја губи битката за титулата, допрва ќе направи интервјуа со дел од споменатите кандидати.

