Роберто Манчини деновиве се повлече од кормилото на италијанската фудбалска селекција поради понудата од Саудиска Арабија. Затоа првите луѓе на федерацијата се обидуваат да пронајдат негов наследник.
Според медиумите на Апенините, во преден план се Лучијано Спалети и Антонио Конте. Спалети го напушти Наполи во текот на летово откако ја освои титулата во СЕрија „А“ додека Конте во март си замина од Тотенхем и сега е без ангажман.
Италија ќе биде нашиот нареден противник во септември во квалификациите за Европското првенство.