Тотенхем и Ливерпул денеска од 21.00 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе го одиграат големото финале во Лигата на фудбалските шампиони. Лондончани за прв пат ќе се појават во решавачката битка за победничкиот пехар додека „црвените“ втора сезона по ред се дел од финалниот натпревар.
Тотнхем е поранешен победник на Купот на куп-победниците и двоен победник во Купот на УЕФА. Четата на Почетино доколку успее да го подигне големиот пехар ќе биде запишана како 23-та екипа која успеала да ја покори Европа. Можни состави. Тотенхем: Лорис, Трипиер, Алдервеирлед, Вертонген, Роуз, Викнс, Сисоко, Ериксен, Али, Сон и Кејн. За Ливерпул треба да стартуваат: Алисон, Александар-Арнолд, Матип, Ван дајк, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Винјалдум, Салах, Фирмињо и Мане.
Главен судија на мечот Тотенхем –Ливерпул ќе биде Дамир Скомина од Словенија а ќе му помагаат неговите сонародници, Јуре Прапротник и Роберт Вукан. Видео-асистен ќе биде Дани Мекеле од Холандија а улогата на четврти судија ќе ја има Антонио Матео Лахоз од Шпанија.