Аргентина и Хрватска денеска ќе го одиграат првото полу-финале на Светското фудбалско првенство во Катар.
Јужноамериканците ја освоија групата со Саудиска Арабија, Мексико и Полска а потоа ги елиминираа Австралија и Холандија. Хрватите откако ја поминаа групата со Мароко, Белгија и Канада, успеаја на пенали да ги елиминираат Јапонија и Бразил.
Досега, Аргентина и Хрватска се сретнале двапати на Светските првенства – во Франција 1998 и во Русија 2018. Во првиот случај „гаучосите“ победија со 1:0 а во вториот „коцкестите со 3:0. Денешниот меч ќе го суди Италијанецот, Даниеле Орсато. Победникот од средбата Аргентина-Хрватска во големото финале ќе се соочи со подобриот од утрешниот меч Франција- Мароко.