Фудбалерот, Милан Шкрињар, нема намера да го продолжи договорот со Интер кој му истекува на крајот на сезоната.
Затоа „нероаѕурите“ започнале да размислуваат за негова замена, објавија дел од медиумите во Италија. Според најавите, калчо-лигашот сака да го врати во Серија „А“ Калиду Кулибали, кој во летото зад нас го напушти Наполи и замина во Челзи.
Во исто време се наведува дека Крис Смолинг од Рома може да добие понуда да се пресели на стадионот – „Џузепе Меаца“.