Герет Саутгејт ќе стане витез доколку Англија победи во финалето на УЕФА Евро-турнирот 2020. Под водство на Саутгејт, тимот за прв пат по 55 години стигна до финалето на еден голем фудбалски турнир.
Покрај Саутгејт, може да бидат прогласени за витези и капитенот Хари Кејн и еден од најдобрите играчи на Англија, Рахим Стирлинг, пренесува „Телеграф“. Само двајца менаџери во Англија се одликувани со витешка титула.
Тоа се: Алф Ремзи, кој му помогна на тимот да го освои Светското првенство во 1966 година и Боби Робсон, кој ја предводеше Англија до полу-финалето на СП 1990 година.