Дефанзивецот на фудбалскиот состав Лион, Јоаким Андерсен, се наоѓа на списокот на неколку екипи кои имаат намера да го ангажираат во текот на летниот трансфер период, објавија медиумите од Европа.
Данецот кој настапува како позајмен во редовите на Фулам има одлична сезона и затоа не изненадува што го привлече вниманието на повеќе екипи од Премиер-лигата.
Фулам сака да го задржи 24-годишниот дефанзивец, но, тоа ќе биде исклучително тешко бидејќи за неговиот потпис конкурираат: Манчестер Јунајтед, Челзи, Тотенхем, Лестер и Кристал Палас.