Весникот –„Мирор“, тврди, дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде по секоја цена да го обезбеди потписот на напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, иако за неговите услуги е заинтерсиран и тимот на Арсенал.
Иако трансферната сума не се потенцира, се претпоставува дека двата тима од Премиер лигата се подготвени да го покријат обештетувањето и да го ангажираат во текот на зимскиот преоден рок.
Дембеле е централен напаѓач кој може да игра и на крилните позиции. Тој во тековнава сезона постигна 10 гола на 18 натпревари во француската Лига 1.