Младиот фудбалер на Саутемптон, Ромео Лавија, се наоѓа на списокот за трансфери на Челзи, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул велат денешните информации од Англија.
Белгискиот играч од средниот ред имаше одлична сезона со 34 настапи во сите конкуренции. Тој успеа да се запише и во листата на стрелците со што стана првиот фудбалер кој е роден во 2004 година што реализирал во Премиер лигата.
Саутемптон за потписот на 19-ет годишниот играч ќе бара од 40 до 50 милиони фунти.