Фудбалерот, Џанлука Скамака, изненадувачки се проби во преден план кај италијанските клубови кои се активни на трансфер пазарот.
По Рома, Милан и Јувентус, во трката за неговиот потпис се вклучи и Аталанта. Тимот од Бергамо инкасираше 75 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Расмус Хојлунд и сака дел од нив да потроши на Скамака.
Останува да се види дали луѓето од Вест Хем ќе прифатат понуда од Аталанта откако ги одбија тие на Милан и Рома за позајмица на напаѓачот.