Дефанзивниот фудбалер на Вулверхемптон, Макс Килман , изрази желба да настапи или за репрезентацијата на Украина или за репрезентацијата на Русија.
Тој е роден и израснат во Лондон. Неговиот татко Александар е од Москва а неговата мајка Марија е од Киев. Килман зборува англиски и руски јазик. Тој во сезонава во Премиер лигата одигра 15 натпревари на кои направи една асистенција.
Порталот – „Трансфермаркт“ проценува дека неговата вредност на пазарот е 4,5 милиони евра. Договорот на 23-годишниот дефанзивец со „волците“ е активен до 30 јуни во 2025 година.

