Островските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да го ангажира плејмејкерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, кој пак, претходно го известил раководството дека има желба да направи трансфер уште во текот на летово.
„Црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со агентот на фудбалерот и набрзо ќе испратат понуда до шпанскиот состав. Токму Нигез треба да биде замена за Погба доколку се остварат прогнозите и Французинот го напушти клубот.
Медиумите на Пиринеите пренесуваат дека целиот процес може да биде комплетиран за сума од 50 милиони евра.