Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, се соочува со големи проблеми во дефанзивната линија откако Ленгле заработи црвен картон на вчерашниот меч со Бетис а Самуел Утити се пожалил на болка во коленото.
На денешниот утрински тренинг не се појавил ниту Пике кој ја пропушти вчерашната средба поради суспензија. Тоа значи дека Барса за саботниот меч против Гетафе ќе остане без вистински стопер во последната одбранбена линија.
Ќе потсетиме дека шпанскиот состав набрзо го очекува и првиот дуел со Наполи во елиминациите во Лигата на шампионите. Каталонците прво ќе гостуваат во Италија на 25 февруари а потоа во реваншот ќе бидат домаќини на „Камп Ноу“.