Еден Азар и Оливие Жиру од Челзи и Лука Јовиќ од Ајнтархт Франкфурт, се номинирани за наградата за најдобар фудбалер во Лигата на Европа што ја доделува Европската фудбалска федерација -УЕФА.
Во финалето во претходната сезона одиграно во Баку, Челзи го победи Арсенал со 4 спрема 2 и сосема е логично признанието да заврши во рацете на Белгиецот, Азар, кој имаше блескави партии во текот на целата сезона и кој во летниот транфер период го напушти Челзи и замина во Реал Мадрид.
Ќе потсетиме дека во сезоната 2017/18, признанието на УЕФА заврши во рацете на Антоан Гризман кој тогаш настапуваше за Атлетико Мадрид.