Вечерва во 20:45 екипите на Реал Мадрид и Ливерпул ќе се борат еден против друг во Киев во нивниот најважен натпревар во оваа сезона – финалето на Лигата на шампионите. Реал Мадрид ќе ја брани својата титула освоена во последните две сезони и ќе се обидат да го освојат ова натпреварување трет последователен пат и 13-от во својата историја. Ливерпул ќе игра за својата шеста титула од во ова натпреварување, тие не играле финале од 2007 година кога загубија од Милан.
Двата тима претрпеа неуспех во своите првенства. Реал беше само 3 во Ла Лига, 17 поени зад Барселона. Ливерпул заврши на четвртото место во Премиер Лигата со 25 поени зад Манчестер Сити. Во еден момент, двата клуба сметаа дека е подобро да се фокусираат на Лигата на шампионите и тоа им даде посакуван резултат и се на чекор до остварувањето на сонот. Но, денес, само еден од овие два тима ќе се радува.
Историски гледано, овие ривали играа 5 натпревари едни против друг. Во моментов, предноста е на страна на Ливерпул 3 победи и 2 порази и 6:4 гол разлика во нивна полза. Уште поважно за Англичаните е тоа што тие победија во финалето против Реал Мадрид во 1981 со 1:0.
Денешниот финален натпревар ќе биде судир меѓу двајца одлични играчи, ѕвезди на европскиот фудбал – Кристијано Роналдо и Мохамед Салах. Според многу стручњаци, овој натпревар ќе го одреди добитникот на Златната топка оваа година. Португалецот има уште една сезона во Лигата на шампионите со 15 гола на неговата сметка. Ако тој постигне гол вечерва, има шанса да стане прв играч кој постигна гол во 4 финалиња. Во исто време, Салах има 10 погодоци во ова натпреварување и вкупно 44 оваа сезоната.
Ливерпул е тимот со најдобар напад во Лигата на шампионите оваа сезона. „Црвените“ го поставија овој рекорд со 46 гола, откако започнаа со учество од квалификациите. Во исто време, Реал покажува многу проблеми во одбраната. „Кралевите” успеа да задржат „сува” мрежа во само 1 од последните 11 натпревари во сите натпреварувања, што не е добар знак. Друг интересен факт е дека еден од двата порази на Реал оваа сезона во Лигата на Шампионите дојде од англиски тим. Реал Мадрид изгуби 1:3 од Тотенхем на „Вембли“.
Натпреварот исто така ќе понуди интересен судир и на двата тренера. Зинедин Зидан никогаш не е елиминиран во натпревар од ЛШ откако е на чело на Реал Мадрид. Тој веќе освои две титули во ова натпреварување со Кралскиот клуб и се надева дека ќе ја подигне третата титула. Јирген Клоп не може да се пофали со такви успеси, но Германецот докажа дека е еден од најдобрите тренери во моментов и располага со широк тактички арсенал со кој може да се спротивстави на секој ривал.
Реал нема посебни проблеми со повредени играчи пред натпреварот. Повредениот Дани Карвахал, кој најверојатно ќе започне како десен бек, беше вратен во тимот.
Во Ливерпул, ситуацијата е многу понепријатна. Алекс Окслејд-Чембрлен, Жоел Матип и Џо Гомез се трајно повредени и воопшто не се во составот. Адам Лалана, Емре Чан и Џејмс Милнер пак има шанса и да играат, иако и тие лекуваа повреди до неодамна. Тие веќе продолжиле со тренинзи, но недостатокот на игри е проблем.
РЕАЛ МАДРИД – ЛИВАРПУЛ
Можни состави:
Реал: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Модриќ, Каземиро, Крос, Асенсио, Роналдо, Бензема
Ливерпул: Кариус, Александар-Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертсон, Вајналдум, Хендерсон, Милнер, Салах, Фирмињо, Мане.
Стадион: Олимпик, Киев
Судија: Милорад Мажиќ (Србија)