Фудбалска Европа денеска ќе добие нов владател. Англиските состави Манчестер Сити и Челзи, доцна вечер од 21.00 часот на стадионот „Драгао“ во Порто, ќе го одиграат големото финале во Лигата на шампионите.
Сити кој беше подобар од ПСЖ со 2:1 во Париз и 2:0 на „Етихад“, претходно успеа да ги елиминира германските Борусија (Менхенгладбах) и Борусија (Дортмунд).Патот на Челси до финалето беше потежок. Сините ги победија Атлетико Мадрид и Порто а во полуфиналето и рекордерот според освоените титули -Реал Мадрид. Вечерва Ман Сити и Челзи ќе се соочат по 169-ти пат а билансот досега е во корист на „сините“ од Лондон – 70:59 победи.
На трибините на Драгао“ во Порто ќе бидат дозволени 16.500 гледачи а судија на финалниот дуел ќе биде Шпанецот Антонио Матеу Лаос. Состави: Манчестер Сити (4-4-3): Едерсон; Вокер, Дијаз, Стоунс, Зинченко; Фернандињо, Гундоган, Б. Силва; Марез, Де Брујн, Фоден. ЧЕЛЗИ (3-4-2-1): Менди; Аспиликуета, Т. Силва, Рудигер; Џејмс, Ковачиќ, Канте, Чилвел; Маунт, Вернер; Хаверц

