Ливерпул и Реал Мадрид доцна вечер на „Енфилд“ ќе го одиграат четвртфиналниот реванш од Лигата на фудбалските шампиони. Првиот натпревар во Шпанија заврши со 3:1 во корист на домаќините, но, не треба да заборавиме дека Ливерпул е мајстор за големи пресврти.
Менаџерот на англискиот тим Јирген Клоп нема да се потпре на повредените Матип, Вирџил ван Дајк, Хендерсон и Гомез. Надвор од групата пак, на Зидан, се: Лукас Васкез, Серхио Рамос, Рафаел Варан, Еден Азар и Дани Карвахал.
Двата тима се сретнале седум пати, со тоа што Реал Мадрид победил на 4 од натпреварите а Ливерпул на три. Гол-разликата е 10: 8 во корист на „белите“. Веројатни состави: Ливерпул: Алисон, Александар-Арнолд, Филипс, Кабак, Робертсон, Тиаго, Фабињо, Вајналдум, Салах, Жота и Мане. Реал Мадрид: Куртоа, Менди, Начо, Милитао, Одриосола, Крос, Касемиро, Модриќ, Винисиус, Бензема и Асенсио. Судија на мечот ќе биде Бјорн Кујперс од Холандија. Победникот од пресметката ќе се соочи со англискиот Челзи во полуфиналето во Лигата на шампионите.

