Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе ја имаат првата сезонска пресметка
. „Црвено-црните и Битолчани ќе се борат за пехарот од Супер-купот. Во претходната сезона тој заврши во ризницата на Еурофарм Пелистер кој славеше убедливо со 31:22.
Денешниот меч кој ќе започне од 20.00 часот, ќе го судат, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.