Тренерот на Јувентус, Мурицио Сари, ќе мора да отпише шест фудбалери за новата сезона за Лигата на фудбалските шампиони бидејќи неговиот ростер е далеку поброен од тоа што го дозволуваат правилата на УЕФА.
Италијанскиот стартег кој во текот на летово успеа да го ангажира најдобриот млад дефанзивец на светов, Матијас Де Лихт како и искусните играчи од средниот ред, Арон Рамзи и Адриен Рабио, ќе има проблем да состави листа од 22 играчи кои ќе можат да настапуваат во елитата на Стариот континент.
Медиумите во Италија проценија дека „старата дама“ во ЛШ нема да ги пријави: Марио Манџукиќ, Сами Кедира, Матија Перин, Лука Пелегрини, Даниеле Ругани и Марко Пјаца .