Џуд Белингем без сомнение ќе биде едно од најизборуваните имиња во летниот преоден рок. Неговите одлични настапи привлекоа многу гиганти кои го сакаат неговиот потпис, но за да го добијат очигледно ќе мора да инвестираат голема сума на пари.
Борусија постави цена од околу 140 милиони евра за својот играч. Покрај тоа, самиот играч сака плата од 15 милиони евра по сезона, што дополнително ги кочи сите клубови кои го посакуваат.
Во редот за англискиот репрезентативец беа Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Први што ја напуштија конкуренцијата беа „црвените“ од Ливерпул, кои не можат да си дозволат да инвестираат толку многу пари за само еден играч. Реал Мадрид не сака да плати повеќе од 100 милиони за Белингем, што Борусија Дортмунд нема да го прифати, бидејќи играчот од средниот ред има договор до летото 2025 година.
Така, листата на оние кои сакаат да го купат Белингем е сериозно разредена, со тоа што ПСЖ и Манчестер Сити остануваат во прв план.