Денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе бидат одиграни финалните мечеви во ракометниот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.
Први на теренот ќе излезат Вардар и Куманово во женското финале кое е закажано од 15.00 часот. Вардарки вчера славеа против Ѓорче Петров додека Куманово без борба влезе во финалето откако бранителот на трофејот, Металург, се откажа поради финансиски проблеми.
Во терминот од 18.00 часот ќе се одигра машкото финале во кое Вардар ќе се сретне со Еурофарм Пелистер. „Црвено-црните“ ќе се обидат да го задржат пехарот од минатата сезона додека Битолчани доколку го освојат, ќе бидат на чекор до така наречената двојна круна.