Фудбалските возбудувања во УЕФА Лигата на шампиони започнуваат утре со одигрувањето на натпреварите од првото коло.
Оваа сезона УЕФА ги има зголемно сумите кои ќе ги заработа екипите со својот настап во Лигата на шампионите. Влезот на групата на ЛШ значи заработка од 15,25 милиони евра (12,7 милиони беше минатата сезона) на секој од 32-та клуба.
Секоја победа е важна затоа што носи износ од 2,7 милиони евра (1,5 милиони беше минатата сезона), а нерешен резултат или бод значат 900 000 евра (500 000 евра беше минатата сезона). Доколку една екипа победи на своите шест натпревари, ќе заработат 16,2 милиони евра. Пласманот во 1/8-финалето додава дополнителни 9,5 милиони. Влезот меѓу првите 8 во Европа е еквивалентен на 10,5 милиони.
Секој полуфиналист добива 12 милиони евра, а финалистите ќе добијат уште 15 милиони евра. Победникот на турнирот ќе добие дополнителни 4 милиони евра.