Денеска почнуваат битките од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, а осум екипи имаат за цел да го освојат трофејот.
Освојувач на трофејот од минатат сезона и еден од фаворитите е Реал Мадрид, кој се покажа дека троши најголема сума за плати на своите играчи.
Според „Газета дело спорт“, вкупно Шпанците годишно даваат 290 милиони евра за плати на своите играчи. На спротивниот дел од оваа листа на осум учесници во четвртфиналето е Бенфика, каде висината на платите е околу седум пати помала – 42 милиони евра.

Интересно е тоа што во пресметката меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен овие два тима имаат сличен износ за плати на своите фудбалери.Така, на пример, Баерн (Минхен) и Манчестер Сити, кои вечерва играат на „Етихад“, ја комплетираат топ 3-ката – со 270, односно 213 милиони евра.
Милан и Наполи, кои исто така ќе играат меѓу себе, се блиску пред Бенфика со комбинирани плати од 79 и 70 милиони евра годишно.