Плико во кое имало куршум и писмо со заканувачка содржина добил тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, објавија денеска медиумите во Италија.
Во минатото такви и слични пратки на домашна адреса добивале и разни италијански политичари по што полицијата најави дека максимално сериозно ќе му пристапи на случајот и дека ќе му пружи заштита на тренерот на „нероаѕурите“.
Ќе потсетиме дека Конте се соочува со критики и закани од навивачите на Јувентус откако ја напушти „старата дама“ за да го преземе кормилото на тимот од Милано.

