Денеска ќе биде извршена ждрепката за четвртфиналните и можните полуфиналните двојќи во Лигата на шампионите. Ова ќе се одржи во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија со почеток во 12:00.
Извлекувањето ќе биде целосно слободно, без ограничувања за тоа кој против кого може да биде извлечен. Првите натпревари од 1/4-финалната фаза ќе се играат на 11 и 12 април, а реваншите се на 18 и 19 април.
Дел до денешната ждребка ќе бидат Баерн (Минхен), Бенфика, Интер, Манчестер Сити, Милано, Челзи, Наполи и бранителот на титулата Реал Мадрид.