Иако не беше многу убедлив во досегашните настапи и се здоби со скршеница на носот на првиот меч со Австрија, Килијан Мбапе е најбрзиот фудбалер на ЕП 2024, пренесува весникот „Л’Екип“. Новиот напаѓач на Реал Мадрид направи спринт во кој разви импресивни 36,5 км/ч.
Набргу по него е шпанскиот репрезентативец Феран Торес, кој трча со 36 км/ч.
„Се надевам дека во текот на мечот ќе можам да имам дуел за топката со Мбапе и да го престигнам“, прокоментира Торес, кој е резерва на Шпанците.
Третата позиција ја зазема напаѓачот на Словенија, Бенјамин Шешко, кој трча со 35,9 км/ч. Првата петорка ја комплетираат Романецот Валентин Михаила и Германецот Лерој Сане.