Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Која е причината за назначувањето на Руди Гарсија за тренер на Наполи
    Фудбал

    Која е причината за назначувањето на Руди Гарсија за тренер на Наполи

    risteBy riste16/06/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Наполи синоќа на својата веб-страница го објави назначувањето на Руди Гарсија со кратка порака која не откри колку е долг договорот на тренерот со клубот. Сепак, италијанските медиуми успеаја да откријат дека договорот на францускиот стручњак е на 2+1 година.

    Дополнително ја објавија и нето платата на тренерот која ќе изнесува 3 милиони евра по сезона. Станаа јасни и причините зошто претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис го избра Гарсија за наследник на Лучијано Спалети. Според „Скај Спортс“, тој му верувал на 59-годишниот поради неговото искуство во освојување титули (со Лил во Лига 1 во 2011 година), неговата работа со играчи на меѓународно ниво (како Еден Азар, Франческо Тоти и Кристијано Роналдо).

    Одличните резултати на европските турнири (финале на Лига Европа со Марсеј во 2018 година и полуфинале со Олимпик Лион во Лигата на шампионите во 2020 година), како и желбата на тренерот да продолжи да ги наметнува 4-3-3 како шема на игра, што беше меѓу главните барања на сопственикот.

    Претседателот на Наполи го коментираше назначувањето на Руди Гарсија „Ил Матино“ забележува дека Гарсија бил единствениот кандидат кој му рекол „да“ на Де Лаурентис во своето прво интервју за оваа позиција, без никакви резерви и барања. За споредба, претседателот на Наполи бил уморен од барањата на Кристоф Галтие, кој се уште преговара за раскин на договорот со Пари Сен Жермен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал

    22/09/2023

    Фернадеш: Онана е одличен голман

    22/09/2023

    Германецот е убеден дека го направи вистинскиот потег

    22/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Европскиот шампион Игор Стефановски-Иџе на прием во АМСМ
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.