Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, уште еднаш вети верност кон клубот и призна дека нема да престане да го брка трофејот во Лигата на шампионите.
„Се надевам дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите, бидејќи тоа би било неверојатно за нашите навивачи. Тие сонуваат за тоа. Додека не умрам, ќе се борам со Атлетико да го кренам пехарот во Лигата на шампионите. Фудбалот му го должи овој трофеј на Атлетико“, изјави шпанскиот играч за врска за „Мовистар“.
Атлетико Мадрид досега загуби три финалиња, од кои две против Реал Мадрид по 90-та минута. Оваа сезона, Атлетико Мадрид ќе се сретне со Челзи во 1/8 финалето на Лигата на шампионите.

