Организаторите на Отвореното првенство на САД во тенис се подготвени да ги прекршат правилата за да обезбедат „вајлд-карта“ за младата Кори Коко Гоф кој направи сензација на терените на -„Вимблдон“.
Според т.н. правило- „Capriati”, тенисерка под 16-годишна возраст не може да добие повеќе од три покани во една сезона за да учествува на професионалните турнири под капата на ВТА. Бидејќи младата Гоф искористи три „вајлд-карти“ за турнирот во Мајами, за квалификациите на „Ролан Гарос” и на „Вимблдон”, луѓето во Њујорк се во дилема што да направат.
„Очекуваме да ја видиме Кори во главната шема на – „US Open“ бидејќи таа со игрите на „Вимблдон“ ги освои срцата на сите фанови на тенисот“ – вели претставникот на Американската тениска асоцијација, Крис Видмајер.