Поранешниот фудбалер, Џо Кол, имаше пофални зборови за екипата на Челзи која под водство на Томас Тухел забележува серија на одлични резултати и го продолжува патот и кон победничкиот пехар во Лигата на шампионите.
„Мислам дека одлично функционира средниот ред. Таму се забележува дека има соработка меѓу сите фудбалери“ – вели Кол.
„Веројатно на Тухел му успеа да ги пронајде вистинските позиции на сите во тимот и да ги мотивира. Мислам дека Челзи има навистина одлична игра“ – потенцираше Кол.