Легендарниот фудбалер, Џо Кол, се осврна на вчерашниот пораз на Челзи на теренот на Саутемптон во рамките на Премиер-лигата. Иако „сините“ од Лондон ја имаа улогата на големи фаворити, на крајот останаа со празни раце.
„Тухел треба да биде загрижен за играта на неговите фудбалери. Мислам дека во вториот дел немаа ниту една шанса“- потенцира Кол во неговата анализа.
„Навивачите на Челзи имаа разочарувачка ноќ. Се гледа дека во клубот има проблеми кои треба да се решат“ – вели Кол.