Поранешнито фудбалер на Манчестер Јунајтед, Енди Кол, процени дека „црвените ѓаволи“ не се конкурентни во трката за шампионската титула во Премиер-лигата.
„Мислам дека приоритет за Манчестер Јунајтед треба да биде пласманот во Лигата на шампионите. Секој сака да игра во таа конкуренција“ – вели Кол.
„Екипата треба добие квалитет и да биде во друштвото на најдобрите. Мислам дека има многу осцилации во играта и тоа треба да се промени. Треба да се изгради шампионски состав“ – нагласи некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

