Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Енди Кол, верува дека на клубот му требаат уште три или четири квалитетни засилувања за да биде конкурентен за титулата во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ се препородија по рестартирањето на сезоната бидејќи направија серија од 16 натпревари без пораз.
„Секој менаџер бара опции за зајакнување на тимот со нови играчи. Постојат гласини дека ќе дојде Санчо. Дали тој ќе може да му даде нешто поразлично на Манчестер Јунајтед? Секако, сигурен сум “ – изјави Кол за клупската телевизија.
„Санчо има квалитет да постигне гол или да направи асистенција. Тој треба да дојде на „Олд Трафорд“ – вели легендата на Манчестер Јунајтед.